Се што ви треба е малку време и две намирници
Летото е се поблиску, а со тоа и сезоната на костими за капење и пократка и полесна облека. Сите сакаме да изгледаме што е можно подобро. Ако се борите со вишокот килограми и не можете да одолеете на слатките – ова е идеалниот пијалок за детоксикација за вас!
Сè што ви треба:
– 5-6 јагоди
– 1 лимон
– неколку листови нане, по желба
Одделете ги стебленцата од јагодите, па исечете ги на помали парчиња. Исцедете го лимонот, па прелијте ги јагодите со сок од лимон. На крајот додадете 3 чаши ладна вода и покријте го садот.
Оставете го преку ноќ во фрижидер, а потоа пијте повремено во текот на денот. Овошјето ќе ослободи важни микронутриенти во текот на ноќта, вклучувајќи го и витаминот Ц, со кој се богати лимонот и јагодите. Напитокот е исклучително освежителен, а освен што успешно ќе го исчистите организмот од токсини, ќе имате и помала желба за слатки.
Некои луѓе во пијалокот додаваат кругови од краставица, а вие можете ако сакате.