Најпопуларните дестинации во Италија – Рим, Венеција, Фиренца, – се секогаш примамливи, но во екот на летните месеци тие можат да бидат преполни и скапи. Класичните атракции на земјата – одличната уметност, архитектура, храна, вино, средновековни села и прекрасни пејсажи на села – може да се најдат и надвор од нејзините познати места, но каде се најдобрите места за летување кои се достапни и прекрасни истовремено?

PUGLIA (Апулија) е една од најдобрите зделки во Италија во моментов. Особено поради нејзините плажи. Има толку многу прекрасни крајбрежја и градови, одлична храна и вино. Масериите (куќи од камен во Апулија) се претворени во хотели и прекрасни бањи.

CALABRIA(Калабрија)– Ова е девствена територија за повеќето патници, неа ја истакнува крајбрежното одморалиште Тропеа. Меѓу атракциите се долгата песочна плажа на тиркизното море поставена под импозантно стрмни карпи и шармантниот стар град кој обезбедува драматичен поглед на водата.

Јужна и западна Сицилија-Треба да патувате подалеку од Палермо до јужните и западните делови на островот за најдобрите цени, одете кон барокните градови како Ното, Марсала,Трапани или Сиракуза со грчките урнатини. Покрај прифаќањето на барокната архитектура и уметност, посетителите кои сакаат можат да дознаат повеќе за исклучителната морска кујна, можат да се обидат и да зготват нешто на локалните часови за готвење. Љубителите на плажите треба да го проверат градот Фавињана, на еден од островите Егади во близина на брегот на Трапани.

LE MARCHE– е многу подостапен од неговиот сосед, Тоскана, и не многу луѓе знаат за него. Но, регионот нуди многу работи што патниците ги бараат во попознати области, како неверојатни глетки, средновековни ридски градови, ренесансна уметност и архитектура (особено во Урбино, родното место на Рафаел), кујна во стилот на Слоу Фуд и многу плажи со сини знамиња (меѓународна ознака за квалитетот на водата и одржливи практики).

MOLISE(Молизе)– Не многу луѓе одат тука. Тоа е скриен скапоцен камен, на овој централно-јужен и планински регион на Италија.Ова е област е за луѓе кои повеќе пати биле во Италија и бараат нешто поразлично“. Меѓу атракциите на Молизе се: средновековни села (меѓу нив и градови-духови), замоци, цркви со изобилни фрески, прекрасни плажи и занаетчиски работилници.

By Author