Прогноза за 20.11.2022

Облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 л/м2 за 24 часа). Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (над 30 л/м2 за 12 часа), особено во југоисточните и источните делови од земјава. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Минималните температури ќе се движат од 10 °C до 15 °C, додека максималните ќе бидат во распон од 11 °C до 17 °C.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни и поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено претпладне.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author