Во судир на три воза во Индија загинаа најмалку 120, а повредени се повеќе од 850 луѓе, но се стравува дека бројот на жртвите е многу поголем. На местото на настанот пристигнале 600 до 700 спасувачи и голем број медицински возила и медицински екипи. Околу 300 повредени се пренесени во болница во градот Баласоре, соопшти локалната власт. Во евакуацијата на повредените помагаат и приватни автобуски превозници.
Несреќата се случила околу 19 часот по локално време во индиската источна држава Одиша. Според „Тајмс оф Индија“, возот 12841 Коромандел Експрес од Шалимар до Ченаи излетал од шините на станицата Бачанага во областа Баласоре во Одиша и удрил во товарен вагон. Потоа на него налета друг патнички воз.
Најмалку 200 патници останаа заробени во превртените вагони.
Повикувајќи се на прелиминарните извештаи, претставник на железницата рече дека возот Коромандел сообраќал на магистрална линија.
Како што пренесува bharat24live.com, до судирот дошло бидејќи првите два воза поради лоша сигнализација се нашле на иста пруга.
Десетина вагони излетале од шините и паднаа на соседната пруга, а потоа се случи уште една несреќа кога трет воз дојде по таа пруга и удри во вагоните со голема брзина.
„Околу 50 луѓе загинаа, а повеќе од 500 се повредени. Наш главен приоритет сега е да ги спасиме патниците и да им пружиме медицинска помош на повредените“, изјави Јена за новинската агенција АФП.
Еден преживеан маж рече дека 10 до 15 луѓе паднале врз него кога се случила несреќата и се тргнало наопаку.
„Бев на дното на купот. Си ја повредив раката, а исто така и задниот дел од главата. Кога излегов од возот видов дека некој изгубил рака, некој изгубил нога, додека нечие лице е изобличено. преживеаниот изјави за индиската новинска агенција АНИ.
Индискиот премиер Нарендра Моди рече дека бил вознемирен од инцидентот во петокот вечерта и дека неговите мисли биле со ужалените семејства.
На местото на несреќата во тек се спасувачки операции и на погодените им се пружа секаква можна помош“, напиша тој на Твитер.
Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Амит Шах го нарече инцидентот „длабоко вознемирувачки“.
Порталот bharat24live.com наведува дека индиската влада најавила финансиска помош за семејствата на загинатите и повредените во оваа несреќа – еден милион рупии (околу 650 000 денари) за загинатите, два милиони рупии (1,3 милиони денари) за тешко повредените, и 50.000 рупии (33. 000 денари) на полесно повредените.
И покрај обидите на владата да ја подобри безбедноста на железницата, неколку стотици инциденти се случуваат годишно во Индија, една од најголемите железнички мрежи во светот.