Има бројни придобивки од прошетката во шума за целиот организам
Прошетката во природа благотворно делува и на телото и на умот. Есенската прошетка низ шума има посебен шарм, а покрај прекрасните пејсажи, ќе ви донесе и одредени придобивки за вашето физичко здравје.
- Намалување на нивото на кортизол (хормон на стрес)
Растенијата ослободуваат монотерпен, соединение кое помага да се намали нивото на стрес и да се нормализира крвниот притисок. Покрај тоа, може да го зајакне и нашиот имунолошки систем. Во Јапонија, т.н „шумска терапија“, т.е. шинрин-јоку („шумско капење“). Кога шетаат низ шумата, Јапонците ги апсорбираат мирисите, боите и звуците со сите свои сетила. Особено се препорачува за луѓе кои страдаат од депресија, анксиозност, напнати луѓе и оние кои се под стрес. - Корисен ефект врз респираторниот систем
Дрвјата (особено четинарите) ослободуваат фитонциди кои го подобруваат квалитетот на воздухот и затоа имаат корисен ефект врз респираторниот систем. Затоа особено се препорачува за луѓе кои боледуваат од разни болести на респираторниот систем. - Подобро фокусирање
Одење, особено во природа, може да ви помогне полесно да се концентрирате на секојдневните задачи, да размислувате покреативно и полесно да ги решавате проблемите.