Компоненти:
ТЕСТО
– 5 јајца
– 8 лажици шеќер
– 100 гр чоколадо за готвење
– 200 гр маргарин
– 6 рамни лажици брашно
– 1 прашок за пециво
– кора од лимон
– прстофат сол
ФИЛ
-100 мл млеко
– 5 лажици инстант чоколадо во прав – несквик или чоколадно млеко
– 500 мл слатка павлака
– 50 гр маргарин
– 100 гр чоколадо
Подготовка:
Прво растопете 200 гр маргарин со 100 гр чоколадо и оставете да се излади, не мора целосно. Вклучете ја рерната на 180 степени и обложете мал плех со хартија за печење.
Изматете ги цели јајца со шеќерот додека нека станат пенести. Додадете ѓи и измешајте брашното и прашокот за печиво, па стопената чоколада и маргаринот. Веднаш се става во тавче и се пече околу 25-30 минути.
Топлата кора прелијте ја со чоколадно млеко и оставете да се излади.
Слатката павлака, чоколадото и маргаринот варете ги околу 3 минути, па прелијте ја ладната кора.
Оставете да се излади околу 20 минути на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер неколку часа. Се сече на коцки, и пред послужувањето може да се додаде и шлаг.
Пријатно!!!