Четири најефикасни рецепти: Избелите ги на природен начин
Сода бикарбона и лимон
Држете мешавина од лажичка сода бикарбона и неколку капки лимон на забите 1 минута и потоа темелно исплакнете ја устата. Иако вкусот на сода бикарбона можеби не е најпријатен, нејзината ефикасност во избелувањето на забите е несомнена. Сепак, не се занесувајте и користете ја смесата не повеќе од 3 пати месечно за да не ја оштетите забната глеѓ.
Кокосово масло
Освен што вашите заби ќе бидат неколку нијанси побели, редовната употреба на кокосово масло ќе ја зајакне и глеѓта, што ретко може да го постигне белењето на забите. Измешајте 2 лажички кокосово масло со 2 лажички сода бикарбона и истурете ја смесата во стаклена тегла. За вкус на нане, додадете неколку капки есенцијално масло од нане. Користете редовно наместо да купувате паста за заби. Потсетуваме и дека кокосовото масло е одлично за некои типови кожа и коса, а поради неговата широка примена сметаме дека задолжителна козметичка опрема во бањата.
Активен јаглен
Јагленот е популарен избор за природно избелување на забите, првенствено затоа што е погоден и за чувствителни заби и непца. Многу е ефикасен за отстранување на дамките на забите на долгогодишните пушачи. Поради благата абразивност, се препорачува максимално нежно триење, за случајно да не се оштети забната глеѓ. Иако веројатно ќе се преплашите од вашиот одраз во огледалото, верувајте ни, тоа функционира!
Куркума
Се смета дека куркумата е најефикасна во отстранувањето на жолтите и кафените наслаги. Измешајте 4 лажички куркума со 2 лажички сода бикарбона и 2 лажички кокосово масло додека смесата не добие униформа текстура и користете редовно наместо паста за заби.