Позитивно влијае на концентрацијата и фокусот, го подобрува варењето, богат е со фитохемикалии кои го забавуваат стареењето и го отстранува оксидативниот стрес.
Во природната и холистичката медицина лековитите билки го завземаат водечкото место во лекување и превенција на болести. Една билка често ја забораваме, а нејзините лековити дејства не се мали. Станува збор за рузмаринот, билка која содржи витамини, минерали и антиоксиданси, а со векови се користи како храна и лек.
Рузмаринот го подобрува варењето, позитивно влијае на концентрацијата и фокусот, богат е со фитохемикалии кои го успоруваат стареењето и го отстранува антиоксидативниот стрес. Овој лековит зачин може да се користи на многу начини. Може да го додадете на омилените салати и јадења, може да го консумирате како чај или да го нанесете етеричното масло од рузмарин на кожата и косата. Чајот е посебно користен за варењето и за здравјето на џигерот. Кога редовно се консумира, се намалува можноста од воспаленија и одличен е за детоксикација.