Научниците открија дека промените на расположението се поврзани со цревната микрофлора.
Здравјето на дигестивниот систем и менталноато здравје се поврзуваат со бројни студии, а според Харвард Хелт, конзумирањето на храна која е преработена и содржи хемијски адитиви има негативно влијание на цревата, а ризикот од развој на болести и лошо расположение се зголемува.
Студиите исто така потврдуваат дека здравата исхрана и превенцијата од депресија имаат антиинфламаторно дејство.
За да се одржи варењето здраво, исхраната мора да има пробиотици и пребиотици. Пребиотиците се всушност храна за пробиотиците-добрите бактерии.
Пребиотиците се несварливи јаглехидрати и со пробиотиците ни помагаат да го одржиме здравјето на дигестивниот систем. За да ѓи нахраните вашите добри бактерии, вклучете храна како грав, грашок, боранија, банани, бобинки, лук, аспарагос, овесна каша….во вашата исхрана.
Црното чоколадо служи како пребиотик во цревата затоа што содржи многу влакна. Спрема кажувањата на научниците, тоа што содржи 70 или 85% какао во мала количина содржи околу 11 гр. влакна. Колку повеќе какао во чоколадото толку повќе влакна.
Фенилефиламинот кој го содржи какаото спречува депресија и го зголемува расположението. Затоа препорачува темното чоколадо особено за учениците за доверба во нивните интелектуални способности, за ослободување на возбудата пред испитите.
Вистина е ако несте расположени јадете темно чоколадо и сигурно ќе се чувствувате подобро.