Медиумите се интересираа Циципас одговори дали се осеќал изгубено во последниот период без таткому.

„Гледате, сите сакаме да имаме зона на комфор и безбедност околу нас, луѓе кои не прават спокојни и смирени, луѓе што ги познаваме – што е особено важно кога патуваме од земја до земја низ светот. Често се случува да се изолираме ние самите од нашиот дом околината, нашата татковина, нашите народи – што е вообичаена последица на тоа што често сме многу далеку.Да ја имате таа комфорна зона околу вас е исклучително важно, бидејќи во неа има луѓе кои ве познаваат подобро од другите , разбират вашата личност, знаат кои се вашите предности, можности… Да ги немате до себе понекогаш може да создаде чувство на напуштеност, несигурност, сомнеж во себе и во способност да се борите со сите предизвици без нив. Ова е карактеристика на периодот на растење, стекнување чувство дека е време да преземете одговорност за некои одлуки во животот воопшто. Не беше лесно да се разделам од татко ми во тениски смисла бидејќи чувствував дека ми недостига структура во пристапот. Татко ми е способен да излезе на теренот и да ме доведе во ред, да го затегне она што се опуштило да ме насочи во посакуваниот правец. И во тежок период – не се откажува, не го напушта теренот и инсистира да поправиме се што треба да се поправи. Изгледа не можам да го добијам тоа од други тренери – а досега сум работел со многумина. Единствената личност која – покрај татко ми – би сакала да ја имам со мене е мојот прв тренер од Грција – кој за жал не може да го стори тоа. На овој начин, татко ми стана првата фигура во мојот тенис, продолжи со таквата работа што ја имав од најраните денови…“, изјави Циципас.

By Author