Тинејџер (17) е уапсен откако со нож избодел 15-годишно девојче на пат кон училиште.

Девојка била избодена повеќе пати во близина на трговски центар во јужен Лондон кога напаѓачот извадил нож од џебот по расправија за ташна, дознава Скај њуз.

Полицијата реагирала во рок од две минути и 17-годишеното момче, за кој се верува дека е познаник на девојката, бил уапсен поради инцидентот во Велсли Роуд.

Очевидци раскажаа како возачот на автобусот и случаен минувач се обиделе да го спасат животот на девојчето, додека други го бркале напаѓачот.

„Се обидовме да го фатиме и многу луѓе се обидоа да го спасат девојчето. Бев толку шокиран, потресен. Тоа е нечија ќерка“, вели чувар кој бил сведок на немилиот настан.

Девојчето била ученик во училиштето Џон Витгифт, кое минатата недела објави дека ќе се затвори во август 2025 година.

„Длабоко сме шокирани од бесмислената и трагична смрт на нашата сакана и ценета пријателка и ученичка. Ќе биде потребно извесно време за заедницата да се помири со оваа страшна вест, а ние ќе им понудиме поддршка на нашите учениците во напорите да го сторат тоа. Пред се, упатуваме љубов и најдлабоко сочувство до семејството на девојчето во овој незамисливо тежок момент“, велат од училиштето во кое учеше девојчето.

By Author