Во напад на болница во Газа загинаа стотици луѓе.

Според последните информации, бројот на загинатите во нападот на болницата Ал Ахли се искачи на најмалку 500, соопшти Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, објави Скај њуз.

„Ново воено злосторство извршено од окупаторите во бомбардирањето на болницата Ал-Ахли Араби во центарот на градот Газа, што резултираше со пристигнување на десетици маченици и повредени во медицинскиот комплекс Ал-Шифа поради бомбардирањето. Треба да се напомене дека во болницата биле сместени стотици пациенти, ранети и раселени лица кои биле принудени да ги напуштат своите домови поради воздушни напади“, се вели во владиното соопштение.

https://twitter.com/zaidlala786/status/1714332575056216243?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1714332575056216243%7Ctwgr%5Eadeb170dfda056e631edcc1ff864326035f461c1%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novosti.rs%2Fplaneta%2Fsvet%2F1292496%2Fhoror-gazi-vise-500-poginulih-napada-bolnicu-stotine-pod-rusevinama-mrtvi-sve-strane-foto-video

Хамас тврди дека израелски воени авиони ја нападнале Баптистичката болница во центарот на Газа и дека во нападот загинале стотици луѓе, јавува Би-Би-Си.

Израел се уште не ги коментира овие наводи.

By Author