Две лица загинаа во престрелката што се случи вечерва во Брисел, соопштија обвинителите, јавува Би-би-си.

Полицијата во Брисел трага по маж кој вечерва уби две лица и повреди неколку лица во центарот на градот.

Пукањето се случило нешто по 19:00 часот, а локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот пред пукањето оставил грозоморни видеа на социјалните мрежи во кои го најавува убиството.

Според неофицијални информации, напаѓачот додека пукал најверојатно од автоматско оружје извикувал Алаху Акбар. По крвавиот пир избегал со скутер.

Напаѓачот, како што може да се види на видеата кои кружат на социјалните мрежи, носел флуоресцентен елек.

Според Судинфо, тој по нападот на социјалните мрежи објави видео на кое тврди дека е член на Исламската држава и дека ќе ги „убие неверниците“. Во говор исполнет со омраза, тој рече дека убил две лица за да ги „одмазди муслиманите, кои живеат и умираат за својата вера“.

Пред нападот, човек за кој се верува дека е Слајм Слоума напиша порака за муслиманско дете кое беше брутално убиено во Чикаго вчера, истакнувајќи дека „да беше христијанско дете, неговото убиство ќе беше прогласено за терористички чин, не брутално злосторство“.

Според белгискиот весник Het Laatste Nieuws, жртвите се Швеѓани.

Фудбалската репрезентација на Шведска игра со Белгија во квалификациите за Евро 2024 и се чини дека жртвите биле во главниот град на Белгија за натпреварот кој започна во 20.45 часот.

By Author