Операцијата за апсење на Овидио Гузман, син на затворениот нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, доведе денеска, во градот Кулијакан на северот на Мексико, до речиси воинствен судир меѓу армијата и нарко картелот Синалоа, во кои животот го загубија 10 војници и 19 гангстери.

– Апсењето на озлогласениот шеф на мексиканскиот картел Овидио „Ел Ратон“ Гузман Лопез предизвика хаос во западната мексиканска држава, при што вооружените криминални банди се судрија со војската. Граѓански немири, грабежи, па дури и затворски немири избија и во градот, кој сега наликува на воена зона – рече гувернерот и ги повика граѓаните да се засолнат на безбедно.

An armored vehicle leaves the Attorney General’s Office for Special Investigations on Organized Crime (FEMDO), following the detention of Mexican drug gang leader Ovidio Guzman, a son of incarcerated kingpin Joaquin “El Chapo” Guzman, who has been arrested by Mexican authorities, in Mexico City, Mexico January 5, 2023. REUTERS/Raquel Cunha

На интернет се појавија драматични снимки кои ги прикажуваат немирите, при што е забележан како еден милитант на картелот пука со пушка „Барет“ со калибар 0,50 кон владините авиони. Мексиканските власти рекоа дека „Барет“ е омилен меѓу криминалните групи, со оглед на неговата способност да пробие панцири, бетонски ѕидови, па дури и оклопни воени возила.

Мексиканскиот секретар за одбрана Крешенсио Сандовал ја опиша битката со драматични детали, која наликуваше на вистинска војна.

Првично, членовите на картелот отвориле оган врз мексиканските војници со митралези од 50 мм, а војската реагира со повикување на борбени хеликоптерски од типот „црн јастреб“ да нападнат конвој од 25 гангстерски возила, вклучително и камиони опремени со артилериски гнезда.

Картелот Синалоа потоа отвори оган врз напаѓачките хеликоптери, принудувајќи ги двата „црни јастреби“ да слетаат откако секој претрпе „значителен број на погодоци“, рече Сандовал.

Потоа, гангстерите, рече тој, испратија орди од нивните вооружени насилници да нападнат млазни авиони, и воени и цивилни, на меѓународниот аеродром во градот Кулијакан.

Во таа прилика бил погоден цивилен авион, а мета на гангстерите биле и аеродромските згради за да го спречат обидот на властите да го пренесат заробениот Овид Гузман по воздушен пат од градот. Сепак, како што истакна Сандовал, властите очекувале отпор, па овој нарко-бос веднаш го натовариле во воен хеликоптер за да биде префрлен директно во Мексико Сити.

By Author