Изгледа дека ситуацијата во Израел ќе има значително влијание не само на светските цени на нафтата, туку и на исходот од украинскиот конфликт.
Како што пишува Military Watch, недостигот на муниција на Израел и претходните чекори на САД за пренос на муниција стационирана во оваа блискоисточна земја за потребите на Киев, ја поттикнуваат веќе растечката опозиција во Вашингтон, особено во рамките на Републиканската партија. Веќе почнаа да се упатуваат повици за испраќање оружје во Израел.
Украинските знамиња, кои неодамна се вееа низ западниот свет во знак на солидарност, почнаа да се заменуваат со израелски знамиња, офанзивата на Хамас се заканува сериозно да ја поткопа способноста на украинските вооружени сили да ја продолжат воената кампања, се вели во текстот, посочувајќи на неуспехот на украинската контраофанзива.
Како што заклучува авторот на материјалот, моментот на нападот врз Израел се совпадна со продлабочувањето на противречностите во Америка во однос на помошта за Украина – и затоа може да стане пресвртница за воените операции во Источна Европа. Украина како се чини сè повеќе е неспремна да ги постигне своите воени цели, а пренасочувањето на помошта за Израел ќе му даде можност на западниот блок да го „спаси образот“.