Според различни студии, не секој човек мора да поминува низ средовечна криза. Кога станува збор за доаѓање на криза, статистиката покажува дека таа најчесто се јавува околу 40-та или после 50-та година од животот.

Но, не мора да значи дека кризата е предизвикана само од возраста, бидејќи повеќето од испитаниците истакнале дека кризата може да биде предизвикана од сериозен настан во нивниот живот – развод, губење работа, загуба на сакана личност или преселба.

Средовечната криза може да се манифестира на повеќе начини. Таа обично е придружена со тага, фрустрација и жалење.

Симптомите на средовечната криза најчесто се читаат низ поплава од чувства, сеќавања, па дури и цели.

Свеста за стареење
Ова е главната карактеристика на кризата – стануваме свесни дека старееме и имаме негативен став за неа. Со тоа поминуваме низ физички, но и емоционални промени.

Импулсивно однесување
Некои луѓе почнуваат да се однесуваат непромислено, мислејќи дека е крајно време да почнат „навистина да живеат“. Во тие моменти се остваруваат стереотипите за купување мотор, брза кола, излегување по дискотеки и сл.

Промени во менталната и физичката состојба
Средовечната криза обично е придружена со тешки чувства како што се тага, фрустрација, лутина, каење…

„Ѕирнете“ во минатото
Еден од симптомите на оваа криза е тоа што почнуваме да се навраќаме (премногу) на минатото. Размислуваме за одлуките што сме ги донеле или не, а тоа обично е придружено со жалење.

Сврха и цел
Освен што гледаме наназад во минатото, размислуваме и за иднината. Со ова размислуваме за длабоки теми, како што е целте на нашиот живот; која е нашата цел.

Желбата да се испробаат нови работи
Свеста дека сме на „пола пат“ може да не натера да пробаме нови работи. Понекогаш, поединците одат во крајности во овие ситуации.

Загриженост за изгледот и статусот
Некој за време на средовечна криза станува преокупиран со физичкиот изглед или статус. Тоа е моментот кога се случуваат драстични физички промени, па дури и естетски операции.

Губење на интерес
Овој период од животот може да предизвика да изгубиме интерес за партнерот, пријателите… Тогаш се најчести разводите, како и прекините на пријателството.

Последен совет
Бидете трпеливи и имајте разбирање за себе и за сите промени низ кои поминувате. И запомнете: И овој период нема да трае вечно.

By Author