Возачот на Ред Бул Макс Верстапен ќе стартува од пол позицијата на утрешната последна трка сезонава во Формула 1 која ќе се вози во Абу Даби.

Во квалификациите холанѓанецот имаше најдобро време, пред неговиот директен конкурент за титулата Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес.

Како трет ќе стартува Ландо Норис, а од четвртата позиција ке стартува тимскиот колега на Ферстапен Серхио Перез. Во третиот стартен ред ќе бидат Карло Саинц од Ферари и дури како шести ќе стартува Валтери Ботас од Мерцедс, така што Хамилтон тешко дека ќе има било каква помош од неговиот колега.

Хамилтон и Ферстапен во последнава трка сезонава влегуваат со изедначен број на бодови во генералниот пласман, по 369,5 и оваа трка им е одлучувачка за титулата.

Трката за големата награда на Абу Даби ќе се вози утре во 14 часот

By Author