На самиот старт на годината ќе бидеме ускратени за дуел на двајцата тенисери кој заедно освоија 40 Гренд слем титули,Новак Џокович и Рафаел Надал

После успешното закрепнување од повредата на стапалото, Надал полека го планира својот календар на настапи каде што сака постепено да се враќа во препознатливата форма.

Најавено е дека”бикот од Мајорка’ ке настапува на егзибициониот турнир во Абу Даби, а наместо на АТП куп во Сиднеј со репрезентацијата на Шпанија, Надал го одбра учеството на турнирот од серијата 250, кој ќе се одржи во Мелбурн од 3-ти до 11-ти јануар.

Во истиот период ќе се игра АТП купот во Сиднеј во рамќите на кој ќе настапува”црвената фурија”,а во групата со нив се и Србија предводена од моментално првиот рекет на светот,Норвешка и Чиле.

Наместо настап за репрезентацијата Надал, проценил дека за него е подобро формата да ја подига во Мелбурн, каде што со него ќе настапуваат уште и Григор Димитров, Кеи Нишикори,КевинАндерсон,РејлиОпелка ,Александер Бублик и Ботик ван де Зандшулп.

By Author