Денеска е 127 ден од војната во Украина.

Три сценарија на американското разузнавање за Украина
Американските разузнавачи веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин не се откажал од своите амбиции и дека има намера да окупира повеќе украински територии. Но, официјалните лица веруваат дека такво нешто нема да биде возможно, со оглед на тоа што московските трупи се толку ослабени од борбите што, според нивна проценка, моментално се способни да добијат само мала територијална предност.

Русија: Повлекувањето од Змискиот остров е гест на добра волја
Руското Министерство за одбрана соопшти дека повлекувањето на војниците од Змискиот остров е гест на добра волја.

„Ова и покажува на светската заедница дека Руската Федерација не се меша во напорите на ОН за организирање хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од територијата на Украина“, забележува Министерството, пренесува РИА Новости.

ЕСЧП: Русија да спречи егзекуција на Британците
Европскиот суд за човекови права (ЕЧП) денеска објави дека донел привремени мерки со кои и се наложува на Русија да се погрижи да не се изврши смртната казна за двајца Британци кои беа заробени откако се бореле за Украина.

„Судот конкретно и укажа на Владата на Руската Федерација, во согласност со Правилото 39 (привремени мерки) од Правилникот на Судот, дека треба да се погрижи смртната казна изречена на апликантите да не биде извршена“, се вели во соопштението.

Путин му одговори на Џонсон
Рускиот претседател Владимир Путин реагираше на тврдењата на британскиот премиер Борис Џонсон кој изјави дека Путин немаше да ја нападне Украина доколку беше жена.

Џонсон одлуката на Путин да започне „специјална воена операција“, како што Кремљ ја нарекува војната во Украина, ја нарече „совршен пример за токсична машкост“.

Одговарајќи на овие тврдења, Путин укажа на одлуката на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер да испрати војници на Фолкландските Острови.

ЛНР: Во фабриката за челик Азот има уште околу 1.000 луѓе
Околу 1.000 луѓе, меѓу кои и цивили, се уште се во просториите на фабриката за челик Азот во Северодонецк, изјави денеска првиот заменик министер за внатрешни работи на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), Роман Ведменко.

„Извештаите се различни, но во просториите на фабриката Азот нема повеќе од 1.000 луѓе. Нашите сили ги евакуираат луѓето. Меѓу нив има и цивили, меѓу кои има деца, жени и постари лица“, изјави Ведмеденко за ТАСС.

By Author