Доколку НАТО ја воспостави својата инфраструктура во Финска и Шведска по пристапувањето на овие две земји во Северноатлантската алијанса предводена од САД, Русија ќе одговори со иста мерка, изјави вчера претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

Руските медиуми го цитираат Путин, кој изјавил дека не се исклучуваат идни тензии во односите на Москва со официјален Хелсинки и Стокхолм поради влезот во НАТО.

Коментарот на рускиот претседател дојде еден ден откако Турција го укина ветото за прием на Финска и Шведска во НАТО по потпишувањето на договорот во Мадрид со двете нордиски земји за заемна заштита на интересите.

By Author