Војната во Украина влезе во 598-ми ден.

Борбите продолжуваат на истокот и југот од земјата. Руските сили ја гаѓаат Авдеевка, а украинската армија вели дека успева да ги одбие нападите. Борбите се интензивирани на североисточниот фронт, а руските сили се прегрупираат и напаѓаат во правец на Купјанск, тврди Киев. САД тврдат дека Северна Кореја и доставила на Русија повеќе од 1.000 контејнери со воена опрема и муниција за војната во Украина.

Борбите на истокот и југот од земјата продолжија. Украинскиот Генералштаб соопшти дека руските сили напаѓаат во правец на регионот Авдејево, но без успех. Тврдат дека борбите се засилени на североисточниот фронт, дека руските сили се прегрупирале и напаѓаат во правец на Купјанск.

Борбите долж северниот дел на источниот фронт „значително се влошија“ во последните денови, изјави командантот на копнените сили Олександр Сирски, кој беше во посета на украинските војници во областа.

Соборен дрон
– Руските сили за воздушна одбрана соборија украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Според извештаите, Киев се обидел да изврши напад на руска територија околу 17:30 часот по локално време, но дежурната единица за противвоздушна одбрана го открила дронот и го соборила.

„Украинските војници деморализирани“
– Контраофанзивата која не даде резултати предизвика украинските војници да станат деморализирани, изјави Олег Соскин, поранешен советник на поранешниот украински претседател Леонид Кучма.

„Командантите ги испратија своите војници во фронтални напади. Незадоволството расте, луѓето се деморализирани“, рече тој.

Одекнуваат експлозии
– Експлозии одекнаа во делови на Херсон кои се под контрола на украинската армија, јавуваат медиумите. Засега нема информации кои биле метите. Нападот се случил во вечерните часови.

Путин: Украинската контраофанзива „ТОТАЛНО ПРОПАДНА“
Украинската контраофанзива целосно пропадна, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

– Што се однесува до контраофанзивата, која очигледно доцни, таа целосно пропадна. Знаеме дека, сепак, на одредени делови од фронтот спротивната страна подготвува нови активни офанзивни операции. Го гледаме, го знаеме. И ние исто така реагираме на тоа на соодветен начин – изјави Путин во интервју за телевизискиот канал „Русија 1“.

Според него, руската армија практично ги подобрува позициите по целата линија на борбен контакт.

By Author