Дами време е на своето лице да му пружите квалитетна нега, а тоа ќе го направите со помош на најдобриот дарот од природата- медот.
Сите знаеме дека медот е една од најздрвите намирници и се препорачува да се конзумира секое утро, но дали некогаш сте се запрашале како оваа здрава, лековита и природна намирница би влијаела на вашето лице?!
Во продолжение ви нудиме неколку предлози за домашни маски од мед кои ќе ви помогнат да се решите од акните, проширените вени и многу други проблеми. Ви ги претставуваме трите наједноставни и најбрзи можни маски што можете да ги направите дома и верувајте – нема да зажалите!
Мед и лимон. Ова веќе звучи како добитна комбинација – многу витамин Ц и уште повеќе полифеноли. Доволно е да исцедите само еден зрел лимон во една лажица суров и апсолутно непреработен мед, а потоа сето тоа комбинирајте го убаво и нанесете го на лицето. Почекајте околу 20 минути и извадете го со топла вода.
Мед и јогурт. Ова сигурно го имате секогаш при рака – половина чаша јогурт измешана со две лажици мед. Единствено што треба да направите после тоа е да ја нанесете оваа смеса на лицето и да ја оставите убаво да се исуши. Исплакнете и уживајте во мекоста на кожата!
Мед и банана. За оваа маска ќе ви треба што е можно позрела банана. Но и доволно самоконтрола за да му одолеете на искушението да ја изедете. Банана треба да ја измешате со една лажица мед пред да ја ставите на лицето. Доволно е да ја задржите на лице околу 10 минути и после тоа можете да го измиете лицето и да го нанесете омилениот производ.
На крај, ако се прашувате колку од овие маски треба воопшто да „проработат“, веднаш ќе ви кажеме дека ова не е ултра брз процес, освен ако не ги користите за смирување на воспаление.
Во спротивно, ќе ви треба малку повеќе трпеливост и повторување на постапката, но за едно ќе сте сигурни, а тоа е дека ставите на лицето „само“ 100 проценти од најдоброто што ни го пружа природата.