– Јас и Басти отсега и официјално ќе бидеме во малцинство! – објави поранешната победничка на Ролан Гарос, која е во брак со Бастијан Швајнштајгер .

Ана Иванович ја објавуви радосната вест дека повторно е во благословена состојба на својот Инстаграм профил.

Во бракот со поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација, таа досега има две деца, синовите Леон и Лука. Првиот син го роди во 2018 година, а вториот во 2019 година, а наскоро и официјално ќе станат петчлено семејство. Под сликата на среќниот пар имаше честитки:

– Браво за тебе!

– Честитки до Ана и Баси за проширувањето на семејството, беа само дел од коментарите.

Двојката се венча на 12 јули 2016 година во Венеција. Да потсетиме, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се во врска од септември 2014 година, а се венчаа на 12 јули 2016 година во Венеција.

Честитки!

By Author