Лекарите од шпанскиот медицински центар „Санитас“ открија како да ја спречат деменцијата на едноставни начини.

Тоа што во моментот не можете да се сетите на датумот или што сте ручале, можеби не е симптоми на деменција, но ненадејната дезориентација и заборавањето на имињата може, велат експертите на оваа клиника. Напоменуваат дека превенцијата е многу важна. Тие препорачуваат читање кое го стимулира мозокот, но тоа треба да се прави секој ден. Едноставната физичка активност е исто така важна – половина час пешачење помага во снабдувањето со кислород до мозокот и ги освежува клетките. Витаминот Б6 треба да се внесува и преку храната – го има во јаткастите плодови, житарките и мешунките.

By Author