Состојки
- 300g ајдамер кашкавал
- 200g печеница
- 200г фета сирење
- кечап
- 2 – 3корнишони
Пoдготовка:
- Модлите за мафини се обложуваат со хартија за печење.
- Во модлите се започнува со редење. Прво се става лист кашкавал, па се става сецкана печеница, се продолжува со фета (која е претходно издробена со вилушка) па на крај се додава и рендан кашкавал. Оваа постапка се повторува се додека не се наполни калапот. Одозгора треба да се заврши со лист кашкавал.
- Модлата се става во топла рерна, неколку минути, барем додека се растопи кашкавалот. Потоа се вади од рерна и се остава да се олади.
- Доколку калапот е голем, може да се исече на два или на 4 дела.