Државава ни се празни со години наназад младите па и повозрасните, си заминуваат, вадат билети во еден правец. Заминуваат разочарани од тоа како функционира системот во државата. Најжалосното во целата оваа работа е што никој од ни една владеачка гарнитура не е загрижен за тоа. Загрижени се за корона вирусот,загрижени се за за попис, митинзи, избори….

Вчера во Велес се одржа митингот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицјата. Кандидатот за градоначалник кажа дека гарантираат и се обврзуваат за реализација, и наброја 19 проекти.

Митинзи, ветувања, зборови, а нашиот народ како по обичај оди, гледа, слуша. Годините минуваат многу од ветувањата неисполнети, па така се помалку верува на партиите и на политичарите.

Оваа коалиција има доста оптимистичка програма и кога би ги исполниле барем половината народот би бил презадоволен, можеби ќе почне да се врака вербата, па ќе има и за кого да се создава нова иднина. Можеби тогаш билетите ќе бидат во два правци.

By Author