Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Јапонија.

Според EMSC, земјотресот се случил на длабочина од 112 километри, на островот Хокаидо.

Земјотресот е регистриран на северот на земјата, а се уште нема информации за штети.

Некои веб-страници наведуваат дека земјотресот бил уште посилен – 6,4 степени според Рихтеровата скала, но оваа информација не е потврдена.

By Author