ТУРСКИТЕ безбедносни сили заплениле една милијарда фалсификувани долари во Истанбул и уапсиле шест лица вклучени во таа операција, соопшти денеска канцеларијата на гувернерот.

Фалсификуваните банкноти биле во апоени од по 100 долари, биле наменети за транспорт во африканските земји, а уапсени се тројца државјани на Шведска, еден на Велика Британија, еден на Гана и еден државјанин на Турција, јавува дописникот на Спутник.

Силите на турската жандармерија, откако добиле информации дека осомничените повеќепати посетувале магацин во истанбулскиот кварт Кагитане, каде што се подготвени за испраќање голем број пакети, ги следеле, а во магацинот биле запленети лажни банкноти.

Жандармеријата извршила претрес и во луксузните вили на осомничените во истанбулската населба Шишли, каде биле запленети повеќе пари и накит.

Како што соопштија од кабинетот на гувернерот, ова е најголемата заплена на фалсификувани пари во историјата на Турција.

By Author