Зграда од 13 ката се урна во египетското медитеранско пристаниште Александрија, а локалните медиуми јавуваат дека спасувачите се обидуваат да стигнат до затрупаните луѓе.

На веб-страницата „Daily News Egypt“ се наведува дека оваа зграда се користи за сместување на туристи во текот на летните месеци, а во приземјето имало маркет и дека се уште не се знае колку луѓе се водат за исчезнати.

Зградата е изградена во 1970-тите. Нејзиниот последен кат било планирано да се урне.

Се наведува дека локалните власти не соопштуваат колку лица се повредени и дали има загинати.

By Author