Приватниот телефонски број на премиерот на Велика Британија Борис Џонсон е достапен на Интернет веќе 15 години, објави денес Би-Би-Си.

Бројот, објавен во извештајот на весникот во 2006 година, никогаш не бил избришан и според Би-Би-Си, се чини дека премиерот се уште го користи.Минатата недела, официјалните лица негираа дека Џонсон бил советуван да го смени неговиот телефонски број.

Лабуристичката пратеничка Рејчел Хопкинс изјави дека достапноста на приватниот број на Џонсон може да има последици врз безбедноста но и постои ризик од уцени.Даунинг стрит одби да ги коментира информациите дека телефонот на Џонсон е достапен, кога веста првпат ја објави неделникот за познати личности, Попбич.

By Author