Околу 10.000 Чеси се собраа денес во Прага во знак на протест против претседателот Милош Земан, барајќи Сенатот, горниот дом на чешкиот парламент, да го обвини за предавство.

Демонстрантите сметаат дека Земан, со неодамнешните коментари, застана на страната на Русија кога станува збор за наводното учество на шпиони од таа земја во експлозија на магацин за муниција во Чешка во 2014 година и предизвика сомневање во извештаите на безбедносните и разузнавачките служби во врска со тој настан.

Тие го повикаа Сенатот да покрене обвинение за предавство против Земан, кого го нарекуваат „слуга на Кремељ“ и за кого тврдат дека претставува „безбедносен ризик“ за земјата, пренесува АП.

Тие исто така бараат од Земан да си даде оставка, додава Ројтерс. Сенатот веќе објави дека се разгледува опцијата да се подигне обвинение против Земан.

By Author