Јужнокорејските спасувачи извлекоа седум тела од поплавен тунел, каде околу 15 возила беа заглавени во калта, по обилните врнежи и одрони кои уништија домови, па денеска бројот на загинати се искачи на 33, додека неколку илјади луѓе се евакуирани, пренесе АП.

Околу 400 спасувачи, вклучително и нуркачи, пребаруваа тунел во градот Ченгду каде возилата се заглавија во саботата вечерта, изјави началникот на градската противпожарна заштита.

Официјален претставник на провинциската противпожарна служба Северен Чунгчеонг, Јанг Чан-мо, изјави дека ќе бидат потребни неколку часа за да се испумпа водата од тунелот, која се искачи на четири, пет метри.

Девет лица се спасени од тунелот, а се верува дека 11 лица се водат како исчезнати, врз основа на повици од роднини и пријатели. Сепак, се уште не е познат точниот број на заробени патници.

Јужна Кореја е погодена од обилни дождови од 9 јули, евакуирани се 6.100 луѓе, а 27.260 домаќинства во претходните денови останаа без струја.

Најмалку 22 лица добиле медицинска помош.

By Author