Земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Алјаска.

Властите издадоа предупредување за цунами, кое беше укинато по нешто повеќе од еден час.

Според првичните информации, земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри, на 990 километри југозападно од Енкориџ.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

By Author