Овој рецепт ќе ги натера дури и пребирливите деца да сакаат зеленчук. Вкусот ќе биде одличен, а изгледот примамлив. Ова јадење можете да го послужите и на гостите, а се подготвува брзо и лесно. Погоден е и за почетници во кујната.
Потребни состојки:
2 поголеми модри патлиџани
250 гр сирење
300 гр урда
400 мл сок од домати
1 кромид
2 чешниња лук
150 гр спанаќ
масло
сол, бибер
малку свеж магдонос
Начин на подготовка:
Модрите патлиџани исечкајте ги по должина на ленти, па посолете ги и оставете ги на страна да истече водата. Во загреана тава истурете малку масло, па додадете ги исечканиот спанаќ, кромидот и лукот. Варете сè заедно околу пет минути, па на крајот додадете ги зачините по вкус. Тргнете ја тавата од оган, смесата ставете ја во сад, па додадете го кашкавалот и сето измешајте. Истурете го целиот сос од домати во тавата во која ќе ги печете модрите патлиџани. На работната површина ставете еден лист модар патлиџан, па премачкајте го со мешавина од сирење и спанаќ. На крај листот модар патлиџан посипете го со рендано сирење и свиткајте во ролна, па наредете го на плех. Повторете го процесот додека го имате материјалот. Ставете гоплехот во загреана рерна на 180 степени и печете 20 минути. Добар апетит, уживајте!