Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на островите Кермадец во близина на Нов Зеланд, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а USGS првично известил за јачина од 7,3 степени, но подоцна бил коригиран на 7,1, пренесува Reuters.

Американскиот центар за предупредување од цунами во Пацификот објави дека заканата од цунами поминала во областа околу островот Кермадец.

By Author