Конфликтот во Украина, поттикнат од САД со трошење астрономски суми пари за поддршка на Киев, ќе стане „втор Авганистан“ за Вашингтон, рече севернокорејскиот амбасадор во Русија, Син Хол Чол.

Во Украина, колективниот Запад продолжува да се лизга во човечкиот пекол што самиот го создал. Вашингтон и неговите сојузници снемуваат муниција и опрема, а поддршката за Украина се намалува.

„Војната на САД во Украина, во која тие инвестираат астрономски суми на пари заработени од даноците на сопственото население и што е спротивно на интересите на Европејците да изградат униполарен светски поредок, ќе влезе во историјата како уште еден Авганистан. “, рече тој, цитиран од Корејската централна новинска агенција (КЦНА).

Тој се осврна и на неодамнешната испорака на американски ракети, велејќи дека тоа дополнително ја одложува можноста за мирно решавање на конфликтот.

„Целта на испораката на тие проектили е да се продолжи прокси војната што Америка ја води во Украина, да се исцрпи и ослабне Европа за дополнително да се потчини на Америка“, нагласи тој.

Севернокорејскиот амбасадор смета дека Украина и покрај уверувањата на Пентагон, сепак ќе ги користи тие ракети за напади на територијата на Руската Федерација.

Претходно претставникот на Советот за национална безбедност на САД, Адријан Вотсон, потврди дека Вашингтон на Киев испорачал проектили со дострел од 165 километри, а според американските медиуми станува збор за 10 до 20 од тие проектили.

(Спутник)

By Author