На северот на Крф денес околу пладне избувна пожар, а од граѓаните беше побарано да се евакуираат во пристаништето Агиос Стефанос, јавуваат грчките медиуми.

Пожарот избувнал во шумска област меѓу селата Агиос Стефанос и Авлиотес, во близина на станбена зона, додека дувал силен ветер, соопшти грчката противпожарна служба.

Како што додаваат, поради оваа причина е испратена порака да се изврши евакуација на северот од овој грчки остров, пренесува Катимерини.
Куќите се загрозени, а ветерот го отежнува гаснењето на пожарот, јавува ЕРТ.

Катимерини јавува, повикувајќи се на очевидци, дека пожарот изгледа избувнал на три различни места.

На терен излегле 32 пожарникари со 16 противпожарни возила, а пожарот го гаснат четири авиони и еден хеликоптер.

By Author