Пред Владата вечерва се одржува протест против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“ го поддржаа повеќе политички партии и граѓански организации, но и членови на владеачката партија. Тие се против тоа Владата да го потпише францускиот предлог кој, како што истакнуваат, е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси. Францускиот предлог е против европските вредност и изразува непочитување на нашиот народ и држава. Му здосади на народот политичарите сами да одлучуваат за работи кои не засегаат сите.
Како ќе влеземе во Европа како народ без идентитет, без јазик – што сме ние?
Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христија Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.
Според Мицкоски, „предлогот е ултиматум и бугарски диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија“.