Американскиот магазин „Форбс“ денеска втора година по ред ја прогласи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за најмоќна жена во светот.
Фон дер Лајен е првата жена што ја извршува функцијата претседател на Европската комисија, која е одговорна за законите што засегаат повеќе од 450 милиони Европејци, пишува „Форбс“.
Таа се најде пред претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, потпретседателката на САД Камала Харис и италијанската премиерка Џорџе Мелони.
Американската пејачка Тејлор Свифт е на петтото место, додека Бијонсе е на 36 место, а Ријана е на 76 место.