Конфликтот меѓу Хамас и Израел влезе во својот 58-ми ден

Израел: Уништени тунели, командни центри и складишта за муниција
Израелските одбранбени сили соопштија дека воздушните напади во текот на ноќта погодиле тунели, командни центри, складишта за муниција и други локации поврзани со терористичките трупи во Појасот Газа.

Покрај тоа, терористичка ќелија била „елиминирана“ во напад со беспилотно летало, кој бил управуван од војници на теренот, тврди израелската армија, пренесува Тајмс оф Израел.

Армијата, исто така, соопшти дека морнарицата гранатирала цели поврзани со Хамас, вклучително и воена инфраструктура, бродови поврзани со поморските сили на Хамас и складишта за оружје.

Израел гаѓаше цели во Либан и Сирија
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека рано утринава била истрелана ракета од Сирија кон северот на Израел. Како што беше кажано, тие веднаш возвратиле, а потоа изјавиле и дека имало размена на оган со Либан.

Според соопштението на ИД, проектилот паднал на отворен простор, а нема повредени, ниту се огласиле сирени во израелските градови, пренесува Тајмс оф Израел.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека израелската артилерија возвратила и ја гаѓала локацијата од која била истрелана ракетата.

Во одделен напад, од Либан беше истрелана противтенковска наведувана ракета во отворена област во близина на заедницата Јифтах во северен Израел, но нема повредени, се вели во соопштението на ИД, додавајќи дека израелската артилерија гранатирала бројни области во јужниот дел на Либан.

Британија најави надзорни летови над Израел и Газа
Обединетото Кралство објави дека ќе започне со надзорни летови над Израел и Појасот Газа во потрага по заложници држени од Хамас.

Британското Министерство за одбрана објави дека авионите за надзор „ќе бидат невооружени, нема да имаат борбена улога и ќе имаат задача единствено да лоцираат заложници“.

„Само информациите поврзани со спасувањето на заложниците ќе бидат проследени до властите одговорни за спасување на заложниците“, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека летовите ќе се вршат над источниот Медитеран, вклучително и оние во воздушниот простор над Израел и Газа. .

Министерството за одбрана соопшти дека владата на Обединетото Кралство „работи со партнери од целиот регион за ослободување на заложниците, вклучително и британски државјани, кои беа киднапирани“ во нападот на Хамас на 7 октомври.

Нетанјаху: Продолжуваме со копнените операции во Газа додека не ги исполниме сите цели
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со копнените операции во Појасот Газа додека не се исполнат сите цели.

„Ќе ја продолжиме војната додека не ги постигнеме сите наши цели, а тие цели не можеме да ги постигнеме без копнени операции. Нема други начини за постигнување на овие цели освен победа, и нема друг начин да се победи освен успешна копнена операција. “, рече Нетанјаху.

Тој повтори дека целите на Израел се да ги ослободи заложниците, да го искорени Хамас и да спречи „владеење на теророт“ во Газа.

Нетанјаху зборуваше за ослободените заложници, но одби да даде детали за условите во кои тие биле држени во Појасот Газа.

„Врз основа на собраните докази, сфаќате дека овие луѓе доживеале пекол“, рече Нетанјаху.

Предупредување до Израел од Вашингтон
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека Израел ризикува „стратешки пораз“ доколку не работи на заштита на палестинските цивили во Појасот Газа, во војната со палестинската милитантна група Хамас.

„Центарот на гравитација е цивилното население и ако го турнете во рацете на непријателот, тактичката победа ќе ја замените со стратешки пораз“, рече Остин.

Хамас соопшти дека синоќа лансирал ракети кон Тел Авив
Военото крило на палестинската група Хамас, Бригадите Ал Касам, соопшти дека минатата ноќ лансирало канонада од ракети кон Тел Авив.

Бригадите Ал Касам соопштија дека оваа акција е одговор на „ционистичките масакри на цивили“, пренесуваат медиумите.

Ракетите биле истрелани од локација во северниот дел на Појасот Газа.

By Author