Медот одамна е познат по своите многубројни благотворни ефекти врз нашиот организам, меѓу другото, како одличен чувар на имунитетот, но и голема помош од природата кога се во прашање проблемите со белите дробови. Дали е навистина така, вели д-р Никола Стојковиќ, општ лекар, за порталот Нова.рс.
Една кафена лажичка мед наутро со чаша топла вода и имунитетот ќе биде многу посилен, па болестите ќе не заобиколат. Отприлика вака изгледаат советите кои често ги слушаме, а се однесуваат и на кашлица и други проблеми со белите дробови.
Меѓутоа, прашањето е дали медот навистина е толку моќен?
Оваа дилема ја решава д-р Никола Стојковиќ.
„Медот има имуностимулативно дејство, што е многу важно кај белодробните заболувања, за да нема акутно влошување на болеста. Освен тоа, медот го олеснува искашлувањето на слузта, а самиот прополис има експекторантно дејство.
Значи, јасно е дека медот може да помогне, при што нашиот соговорник напомена дека во случај на респираторни проблеми не треба да се потпира само на природни лекови, туку прва адреса да биде лекар.
Покрај тоа, бројни студии покажаа дека медот има антиоксидантни, антимикробни и антиинфламаторни својства, што помага во чистењето на белите дробови. Овој дар од природата уште од античко време се користи за ублажување на иритацијата на белите дробови и за лекување на разни респираторни состојби, вклучувајќи астма, туберкулоза и инфекции на грлото, но податоците велат дека помага и при загадениот воздух.
Значи, ако земате по една лажица мед секој ден, тоа дефинитивно ќе им помогне на вашите бели дробови.