Поспородилната депресија за некои измислена болест на 21 век, додека за други состојба на умот која може и често завршува со фатални последици.

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) го одобри Zurzuvae, првата пилула за лекување на постпородилна депресија, состојба за која податоците покажуваат дека погодува една од седум жени во САД, пренесува US Today.

Здравствените експерти велат дека зуранолонот, под името на брендот Zurzuvae, може да го промени правецот во третманот на постпородилна депресија (ППД) и други депресивни нарушувања, откако клиничките испитувања покажаа дека 14-дневната дневна таблета почнала да ги ублажува симптомите за неколку дена.

„Сериозна животно загрозувачка состојба“

– Постпородилната депресија е сериозна и потенцијално опасна по живот состојба во која жените доживуваат тага, вина, безвредност, а во потешки случаи се оптоварени со мисли дека ќе се повредат себеси или своето дете. Бидејќи постпородилната депресија може да ја наруши врската мајка-дете, може да има последици и врз физичкиот и емоционалниот развој на детето – изјави директорката на Одделот за психијатрија во Центарот за евалуација и истражување на лекови при ФДА, Тифани Фаркионе.

PPD е голема депресивна епизода која обично се јавува по породувањето, но може да започне и во подоцнежните фази од бременоста.

Досега, третманот за ППД беше достапен само преку интравенски инјекции дадени од здравствен работник во одредени здравствени установи.

Експертите исто така ги повикуваат истражувачите да соберат повеќе долгорочни податоци за зуранолон – бидејќи испитувањето не ги следеше учесниците во последните 45 дена – и се надеваат дека неговото неодамнешно одобрување ќе фрли светлина врз другите предизвикувачи на постпородилна депресија, како што е недостатокот на социјална поддршка .

Антидепресив базиран на стероиди

– Зуранолон е невроактивен антидепресив базиран на стероиди. Невроактивни стероиди се молекули кои природно се појавуваат во телото и се важни за управување со стресот во мозокот – вели главниот истражувач на студијата, д-р Кристина Делигианидис, професорка на Институтот за бихејвиорални науки при Институтот за медицински истражувања Фајнштајн во Њујорк.

Истражувачите сугерираат дека пациентите кои страдаат од постпородилна депресија може да имаат поголема чувствителност на мозокот на стрес за време на хормоналните промени, бидејќи овие молекули не функционираат правилно.

– Иако сè уште не е точно познато како зуранолон постигнува брзи антидепресивни ефекти, истражувањата сугерираат дека природните невроактивни стероиди работат на поддршка на здравјето на мозокот со брзо намалување на стресот и враќање на здравото функционирање на мозокот – рече Делиганидис.

На новиот лек му требаат 15 дена за да делува
Меѓу 196 пациенти кои завршија 45-дневно клиничко испитување, резултатите објавени минатата недела во „American Journal of Psychiatry“ покажаа дека жените кои земале зуранолон забележале „статистички значајни подобрувања“ до 15-тиот ден.

Најчесто пријавени несакани ефекти вклучуваат поспаност, вртоглавица и седација. Но, ниту еден од учесниците не доживеал симптоми на повлекување, зголемени самоубиствени идеи или однесувања поврзани со други вообичаени антидепресиви.

Луѓето со постпородилна депресија обично се лекуваат со комбинација на терапија и лекови.

Најчесто препишаниот лек е тип на антидепресив наречен селективни инхибитори на повторното одземање на серотонин или SSRI, кои ги ублажуваат симптомите на депресија со зголемување на нивото на серотонин, кој е еден од хемиските гласници кои пренесуваат сигнали помеѓу мозочните нервни клетки.

Сепак, на овие лекови може да им требаат до 12 недели за да почнат да делуваат.

Со зуранолон, начинот на кој лекарите го третираат постпарталното „нужно ќе биде различен“, рече авторот на студијата.

„За многу пациенти, можеби ќе им треба само краток, акутен курс на лекување со внимателно следење (за секое враќање на симптомите на депресија), наместо хронично да земаат антидепресив многу месеци или години“, рече Делиганидис.

Состојбата се јавува кај дури 15 проценти од жените
Според Националниот институт за ментално здравје, постпородилна депресија се јавува кај околу 15 проценти од Американките, а некои од најчестите причини за оваа состојба се генетиката, физичките промени и емоционалните проблеми.

Истражувањата покажаа дека социјалните детерминанти на здравјето и другите стресни фактори се исто така поврзани со зголемен ризик од постпородилна депресија.

(Танјуг)

By Author