Модниот дизајнер Пако Рабан почина на 88-годишна возраст, објави Le Monde.
Пако Рабан е основач на куќата за висока мода Пако Рабан. Пако Рабан (вистинско име Франциско Рабанеда Куерво) е роден во 1934 година во Баскија во Шпанија. Работел во Париз. Тој ја започна својата кариера во светот на модата дизајнирајќи накит за Живанши, Диор и Баленсијага.
Во 1966 година, Пако Рабан ја основа својата модна куќа и ја претстави својата прва колекција облека во Париз. Облеките беа направени од нетрадиционални материјали – хартија, пластика и метал.
Во 1969 година, Пако Рабан го претстави својот прв парфем „Calandre“.
Ле Монд забележува дека „храбриот избор на материјали, начинот на кој се обработуваат, авангардната визија и креативната слобода“ на Пако Рабант влијаеле на цела генерација и неговото наследство ќе живее и понатаму.