Состојки:
свежи пиперки
печурки
доматно пире
ориз
праз
сол
бибер
магдонос
Подготовка:
Печурките и празот продинстајте ги во вода, додадете го оризот, соединете сè и додадете ги споменатите зачини.
Наполнете ги пиперките со смесата, наредете ги во тавче за печење, залијте ги со вода и со домати да се покриени и печете на умерена температура.
Повремено вртете додека пиперката не омекне.