Од северот кон југот на Ирак денеска се очекуваат силни грмотевици, а невреме ќе зафати многу градови, вклучително и Багдад.
Силни грмотевици веќе втор ден беснеат низ Блискиот Исток, со обилни врнежи и поплави. За жал, има и жртви. Обилните дождови и поплавите не ги заобиколија ниту пространите пустини, а многу лошите временски услови низ регионот ќе продолжат и денеска.
Над југот и југоисточниот дел на Турција и северот на Сирија, втор ден по ред има невреме со пороен дожд и силни грмежи, при што наврнаа огромни количества врнежи. Овој бура систем пристигна од источниот Медитеран.
Локално наврнаа повеќе од 100 милиметри дожд на метар квадратен, што предизвика поплави и порои. Најкритична е состојбата во многу области, кои беа уништени од катастрофалните земјотреси пред месец и половина, во кои загинаа речиси 50.000 луѓе, а сега поплавите им се закануваат на истите тие области и бројни населени места. Најмалку едно лице загина, а девет се водат за исчезнати.
Силен систем на бура денеска ќе се движи над Ирак. Во цел Ирак денеска се очекуваат многу обилни врнежи со грмежи, заедно со силен ветер, а бидејќи сувата пустинска земја не е подготвена да прифати големи количини на врнежи, се очекуваат и поплави. Интересно, поплави се очекуваат и во пустините. Град се очекува низ Ирак, а град може дури и да побели делови од пистините.
На територијата на Ирак денеска се очекуваат 10 до 50 милиметри дожд на метар квадратен, а бидејќи на места станува збор за просечно количество врнежи за цела година, станува збор за екстремни количини за земја во која дождот е повеќе од вистинска реткост.
Денеска се очекуваат силни грмотевици од север кон југ на Ирак, а невреме ќе зафати многу градови меѓу кои Багдад, Мосул, Киркук, Басра. Невремето ќе биде потенцијално опасно и по човечкиот живот.
По Ирак, силен систем со грмотевици со обилни врнежи ќе го погоди и Иран, локални грмежи се очекуваат дури и во делови од Кувајт и Саудиска Арабија.
Силните и бурни ветрови низ Ирак, Сирија, Јордан, Кувајт и Саудиска Арабија ќе подигнат големи количества песок, па се очекуваат силни песочни бури низ регионот.
Од утре се очекува стабилизација и смирување на времето.
Областа на Блискиот Исток е позната по својата многу сува и топла клима, а ретки врнежи се бележат најмногу на крајот на зимата и на почетокот на пролетта, односно во овој дел од годината, но ретко се случува во обилни количини. Од април до ноември е светло и топло, со температури над 40-45 степени, во летните месеци над 50°C.
Благодарение на климатските промени, во последните години екстремните временски услови, вклучително и грмотевици и дождови, ги погодија овие области и донесоа поплави. Во текот на минатогодишното лето, грмотевици со поплави и урагански ветрови со брзина од над 100 км/ч го погодија и Дубаи и областите што минуваат без капка дожд од април до ноември, а тогаш за само еден ден падна дожд колку што во просек паѓа за неколку години.