Улиците во Париз околу Плас де ла Конкорд беа жариште во четвртокот навечер.

Демонстрантите се собраа на протест откако премиерката Елизабет Борн претходно денеска најави дека нејзината влада ќе ги спроведе пензиските реформи користејќи специјална уставна клаузула.

Веднаш штом беше објавена одлуката на властите дека предлог-законот за пензиска реформа нема да се гласа, туку тој ќе се донесе со прокламација, граѓаните собрани пред собранието, меѓу кои имаше претежно млади луѓе, се упатија кон блискиот плоштад Конкорд, каде толпата набрзо порасна на неколку илјади луѓе.

Беа фрлани камења кон полицијата и се што ќе им дојде при рака на демонстрантите.

По налетот на специјалците, демонстрантите во голем број се распрснаа по околните булевари, кршејќи излози, додека во запалените барикади се најдоа канти за отпадоци, автомобили, велосипеди, скутери…

Улиците на Париз пламнаа во четвртокот вечерта, особено во овој дел од градот каде се наоѓаат скапи бутици и познати хотели.

Насобраното ѓубре поради штрајкот на градските работници за чистење беше погодно за правење „огнени барикади“.

By Author