Како вчера да беше кога го гледавме последното интрвју на нашата поп икона Тоше Проески. Се се случи кобното утро 16.10.2007год., кога Тоше за последен пат рече одам нагоре, и навистина замина. Замина да биде наша Ѕвезда водилка овој пат од небото, а нас ни остави да се присетуваме на неговите добрини, да се присетуваме како треба да бидеме хумани и како треба меѓусебно да се сакаме и почитуваме без разлика на пол, вера и нација. Тоше (Тодор) Проевски роден е 25.01.1981год. во Прилеп, потекнува од влашко семејство, живееше и учеше во Крвешо. Основното музичко образование го стекнува во Битола, по што се запишува на стутии во Скопје. Првата песна ја отпејува во 1992год. на свои 11години “јас и мојот дедо” на влашки јазик. Тоше својата вистинска катиера ја започнува во 1997год. на Мелфест каде победува со изведбата на песната Yesterday на Битлси. Истата година учествува и на Макфест со песната Пушти ме, по што следуваа уште многу фестивали, победи и награди. Во својата кариера Тоше има издадено 7 албуми, меѓу кој и еден со македонска народни музика. Тоше има само датум на раѓање ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЅВЕЗДО НАША.

By Author