Децата биле на возраст од една до 17 години, а им било ветено дека ќе им биде платено и дека ќе можат да им испратат пари на семејствата.

Мексиканската полиција спаси 20 деца на возраст од една до 17 години од изнајмени соби во одморалиштето Плаја дел Кармен, каде што биле принудени да работат 12 часа дневно и да продаваат грицки и разни ситници на улиците и плажите, соопштија денеска локалните власти.

Обвинителството на мексиканската сојузна држава Кинтана Ру, каде се наоѓа Плаја дел Кармен, објави дека децата и адолесцентите се претежно од домородните и сиромашните области на државата Чиапас.

На децата им било ветено дека ќе им биде платено за работата и дека ќе можат да испратат пари на нивните семејства, пренесе АП. Но, кога прашале за платата, луѓето кај кои работеле рекле дека парите веќе им биле испратени на родителите.

Обвинителството изјави дека децата биле принудени да работат во прашина уште од зори, дека биле валкани, лошо облечени и неухранети кога биле пронајдени. Две лица се приведени, но се уште не е објавено обвинение.

By Author