Лејди Гага

Познатата пејачка доби понуда да настапи на забава организирана од Републиканската партија, а која таа ја одби, иако требаше да добие милион долари за настапот. Гага и е позната на јавноста по либералните ставови, па ова одлука воопшто не е изненадувачка.

Готје

Песната „Somebody that I used to know”, изведена од Готје, беше објавена во 2011 година и претставува најуспешно дело на овој уметник. Ова музичко видео е прегледано 1,6 милијарди пати, па сосема е логично да се мисли дека лице со толку многу прегледи на Јутјуб би заработило доволно пари од реклами што не треба да прави ништо до крајот на животот. Сепак, тоа не е случај со овој уметник, бидејќи тој не го монетизираше своето најуспешно видео, ниту било кое друго на неговиот канал на YouTube. Тој не сака неговата музика да се поврзува со рекламни производи.

Аба

Шведската поп-група „Аба“, формирана во 1972 година и ја заврши својата кариера само десет години подоцна, продаде рекордни 380 милиони плочи ширум светот. Скоро 30 години откако се распаднаа како бенд, добија понуда од милијарда долари за повторно соединување, но тие одбија, верувајќи дека само останувањето во сенка ќе ја задржи нивната популарност.

ЗЗ Топ

Американската рок-група ЗЗ Топ, формирана уште во 1969 година и која е активна и денеска, е на списокот на 100-те најпопуларни изведувачи во Соединетите држави. Двајцата членови на бендот се познати по своите екстремно долги бради кои станаа заштитен знак на бендот. Всушност, тие имаа понуда за 2 милиони да ги избричат ​​брадите во реклама, што рокерите очекувано ја одбиле.

Џери Зајнфилд

Џери и е познат на јавноста по тоа што го играше ликот базиран на него во ситкомот Сајнфелд. Шоуто траеше цели 10 години, а „NBC“ толку многу го посакуваше што му предложија понуда која малкумина би ја одбиле – 110 милиони, за една сезона од 22 епизоди. Сепак, тој почувствувал дека веќе дал премногу од себе во оваа серија и дека е време да се посвети на приватниот живот.

By Admin