Знаеме, веќе не сме тинејџери и не чуваме постери на нашите омилени актери и пејачи на sидовите над креветот, но тоа не значи дека дури и како возрасни, сè уште скришно не ги следиме профилите на Инстаграм на омилените холивудски актери , кои не само што се одлични во своите улоги на големите екрани,туку тие веќе ни ги покажуваат и своите џентлменски квалитети надвор од нив. Искрено, да не се преправаме дека понекогаш не гледаме филмови како „Луда,глупава, љубов“ само затоа што Рајан Гослинг се појавува во нив во костум, а потоа без маица и затоа – уживајте во оваа листа на вистински Холивудски мангупи на модерното време. Може да ги погледнете со вашата најдобра пријателка, а потоа да креирате список на филмови во кои ќе гледате некои од овие актери во главните улоги, за да бидете подготвени за следната женска вечер.
Крис Еванс
Холивудскиот актер Крис Еванс дефинитивно го заслужува првото место на нашата листа, и не само затоа што сè уште е сингл (добро, колку чини билет за авион во странство?). Тој во повеќе наврати ни покажуваше како е вистински џентлмен надвор од екранот и човек кој многу се грижи за своите колеги. Тој е познат по својата улога на познатиот стрип јунак Капетан Америка, но исто така е познат и како човекот кој ја однесе мајка си на Оскарите, кој секогаш стануваше да ги земе своите колешки за рака и да ги искачи на високите скали кога се на високи потпетици., но и ги бранеше од сексистички коментари на прес-конференции – и навистина, дали сте виделе послатка фотографија од човек од оваа во прилог, на која тој лежи со, се разбира, посвоенато куче?
Рајан Рејнолдс
Рајан Рејнолдс можеби е познат како холивудски шегаџија, но тој е познат и како одличен сопруг и татко. Тој е оженет со актерката Блејк Лајвли, и заедно имаат три деца. Би можеле да кажеме дека тие се едни од нашите омилени познати парови кои уживаат да се шегуваат еднен со друг на социјалните мрежи, што всушност ја покажува нивната искрена и голема љубов. Иако Рајан е најпознат по своите улоги во комедиите како „Deadpool“, „The proposal“ и „Just friends“, знаеме дека тој е професионален и навистина сериозен актер.
Дејвид Бекам
Оваа листа не би била целосна без Фудбалерот со прекрасна насмевка и уште по прекрасно тело Дејвид Бекам.Фудбалерот покрај тоа што изгледа неодоливо во костим тој се наоѓа и во складен брак со неговата сопруга Викторија а и често ја имаа онаа детска несташност а Лего се неговата слабост.Колку ли само девојки почнаа да гледаат фудбал и да навиваат за Манчестер Јунајтед и Реал само поради него.